Променливо облачно со локален слаб дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од УХМР информираат дека следните денови ќе се задржи релативно топло време, до петок претежно сончево и стабилно. За време на викендот се очекуваат локални врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени