Променливо облачно, претпладне со магла по котлините

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула.

И во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло