Променливо облачно, попладне локално невреме со пороен дожд

Од:

Под влијание на атмосферски фронт денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 , а максималната од 22 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 20, а максималната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.

Од утре ќе преовладува умерено облачно време со пониска температура, а само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен