Променливо облачно, магла и ветер

Од:

– Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во недела во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови. Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Би можело да ве интересира

38 степени денеска, во следните денови пожешко

Пеколно време и денеска, во викендот намалување на температурите

Летото ќе биде натпросечно топло, со жешки бранови со екстремни тепмератури

Пеколен бран во Македонија, температурите над 40 степени

Пеколно време, температурите ќе надминат 40 степени

Топло денеска, следните денови уште потопло