Променливо облачно и ветровито со ниски утрински температури

Од:

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната од 2 до 11 степени.

Во Скопје, слично време со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, температури до 16 степени

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени