Променливо облачно и посвежо со умерен северозападен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и ретки грмежи претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.

Од утре следува период на стабилно време, освен в понеделник кога ќе има краткотраен локален дожд. Температурата ќе биде во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен