Професорката Сара Пројковска, пратечки вокал во ДНК, е меѓу загинатите во кочанската дискотека

Од:

Вонр. проф.м-р Сара Пројковска, е меѓу загинатите во трагичниот настан во кочанската дискотека. Ова го потврдија од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, се вели во објавата на социјалните мрежи.

И Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според нашите информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.

Во пожарот животот го загуби и Горги Горгиев од ДНК, а меѓу загинатите е и Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“ и Александар Коларов, гитрист во ДНК.

Стевановски и Коларов се од Штип и, како што велат штипјани, и двајцата биле оженети за две сестри.

Пејачот и автор Владимир Блажев-Панчо со изгореници по телото е на болничко лекување.

Би можело да ве интересира

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски

Со минута молк, во 2.32 часот оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски