Проектот за превод на стручни книги ќе се дополни со 200 наслови

Од:

Нови 11 наслови од проектот за превод на 1000 стручни книги кои се користат на 10-те прворангирани универзитети во светот се преведени и дистрибуирани во библиотеките, а денеска беа претставени на 54-тата промоција од почетокот на проектот (јануари 2009 година).

Со новите наслови, кои се од различни области (математика, туризам, економија, ликовна уметност, биотехнички науки…) вкупниот број преведени книги достигна 897, а проектот ќе биде целосно завршен на почетокот на 2015 година.

Премиерот Никола Груевски на промоцијата соопшти дека проектот ќе се прошири со уште двесте учебници.

– Во новата Владина програма, во иднина нема да бидат 1000, туку 1200 книги, затоа што планираме во овој мандат дополнителни книги и учебници од овој тип, рече Груевски.

Тој посочи дека книгите што се преведени и отпечатени во изминатиот период се повеќе се користени од студентите и дека во читалницата „1000 книги“ во ГТЦ се бара место повеќе.

– Тие се свесни дека од овие книги ќе добијат многу поквалитетно и најсовремено знаење во одредени области. И професорите, кои на почетокот инсистираа да се учи само од нивни скрипти или книги, се повеќе се определуваат да ги понудат овие книги, рече Груевски на промоцијата на која присуствуваа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март