Проект на граѓански организации за зголемување на капацитетите за градење мир и помирување

Од:

Осумнаесет граѓански организации од регионот на Западен Балкан и Турција работат на спроведување на проект кој има за цел зголемување на капацитетите за градење на мир и помирување, информираа имплементаторите на проектот.

Станува збор за четиригодишен регионален проект насловен „Поделено минато – Заедничка иднина“, кој е финансиран од Европската унија и кој има за цел премостување на разликите меѓу различните заедници во земјите од Западен Балкан и Турција.

Во спроведувањето на Проектот се вклучени 18 организации од 7 земји, заедно со партнер организации од Словенија, Хрватска и Австрија. Тие заеднички работат на создавање на силна одржлива меѓусекторска платформа за соработка во областа на спроведување на политиките за градење на мир и помирување преку иновативни механизми.

– Во моментов бројот на конфликти во и меѓу земјите од Западен Балкан и Турција се зголемува. Овие конфликти често се етнички и религиски засновани. Во последните години се соочуваме со фактот дека мирот и помирувањето како тема станаа „непопуларни”. Токму од овие причини, граѓанското општество станува фрагментирано и оспорувано. Сепак, граѓанските организации треба да бидат подготвени и информирани, како и да бидат главен актер во градењето на политиките за мирот и помирувањето. Главната цел на овој проект е да се препознаат и признаат граѓанските организации од страна на регионалните влади како важен општествен фактор со силен капацитет во активностите за градење на мирот и помирувањето, посочуваат имплементаторите на проектот.

Тие наведуваат дека проектот има за цел создавање силно и подготвено граѓанско општество препознаено од страна на владите во земјите од Западен Балкан и Турција како важен општествен фактор со силен капацитет во спроведување на агендата за градење на мир и помирување кое придонесува за безбедноста и стабилноста на регионот во процесот на интеграција во ЕУ.

Останати цели на проектот се зајакнување на регионалната соработка, зголемувањето на кредибилитетот, општествената улога и ефективноста на граѓанските организации, спречување на радикализација, како и олеснување на меѓуетничкиот дијалог во регионот на Западен Балкан и Турција.

Како главни активности кои се спроведуваат во рамки на проектот се: истражувања, застапување, иновации, тестирање на социјални иновации, активности за градење капацитети, креирање на бизнис модел, дијалог со засегнатите страни и воспоставување партнерства, додаваат имплементаторите на проектот.

Би можело да ве интересира

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска

Граѓанскиот сектор реагира поради пренамена на средства за животна средина од Буџетот

Ана Ололовска