Продолжува Третата светска конференција за меѓурелигиски дијалог

Од:

Со три пленарни сесии за религијата и различностите претпладнево ќе продолжи Третата конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која годинава се одржува во Скопје и на тема „Слободата и достоинството – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“.

На панелите ќе бидат отворени темите: „Плуралистичките општества и религиската толеранција“, „Да се живее заедно со почит кон различностите“ и „Придонесот на медиумите за меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог“.

На вториот ден од конференцијата ќе биде одржан и Форум за млади, на кој ќе се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Тема на форумот е „Улогата на религиите во градењето толерантна младина“. Ќе учествуваат претставници од трите генерации на Школата за млади лидери која се организира под покровителство на претседателот Иванов.

– Целта на форумот е да ги актуелизира младите како клучен фактор во градењето на меѓурелигиска толеранција. Фокусот на дискусиите ќе ги опфати практиките и искуствата за работа со младите во мултирелигиозни, мултиетнички и мултикултурни средини, улогата на младинските невладини организации во создавањето вредносни системи кај младите, како и аспектот на социјалните мрежи, младите и духовноста, информира Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Шефот на државата, заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ќе се обрати и на затворањето на конференцијата, која ќе заврши со усвојување декларација што ја подготвија Меѓународниот комитет и Националното координативно тело за организирање на настанот.

На конференцијата денеска ќе бидат одбележани трите јубилеи на кои таа е посветена: 1700 години од Миланскиот едикт – добивање слобода на христијанството; 70 години од холокаустот на Евреите и 10 години од Самитот на шефови на држави од Југоисточна Европа „Дијалог меѓу цивилизациите“ во рамките на УНЕСКО и Охридската порака за мир, инициран од покојниот претседател Борис Трајковски во 2003 година.

Пред официјалното затворање и усвојување на декларацијата, ќе биде избран и меѓународен организациски комитет за следната, четврта светска конференција за меѓурелигиски дијалог.
За разлика од првите две конференции во 2007 и 2010, кои се одржаа во Охрид, третата се одржува во Скопје. Учествуваат околку 250 домашни и странски верски претставници и професори теолози.

Би можело да ве интересира

Втор ден на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Емир Латифовиќ

Божиновска: Верниците од муслиманска и христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата

Емир Латифовиќ

Џамијата, црквата и синагогата – (верски) објекти на омразата

Ана Ололовска

Дали христијаните ќе го слават Божик во ист ден?

Емир Латифовиќ

Шокантно откритие: Науката докажа дека Библијата е лажна

Ана Ололовска

Зошто Божик се слави на 25 декември?

Емир Латифовиќ