Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Од:

Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.

На минатото рочиште заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Изведени беа 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица.

Одбраната, како што е најавено, има предложено 244 сведоци.

Притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко законски истекува на 3 октомври, а одбраната веќе најави дека ќе поднесе гаранција во имот од речиси 200 илјади евра, иако тоа не е задолжително.

Судот, како што посочија на вчера на брифинг во Кривичен, без мислење од Обвинителството не може да донесе одлука.

– До денеска не се вратени од ОЈО. Нема мислење и ние не можеме да одлучиме. На 3 октомври истекува. Ќе почекаме до петок – информираа на брифинг во Кривичниот суд.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Би можело да ве интересира

Марковски: Вештачењето нарачано од одбраната на Јованов е селективно и со сериозни методолошки пропусти

Наунов: Нема да дозволиме спорни вештачења и неправди да ја прикријат одговорноста за пожарот во „Пулс“

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Обвинителството го оспори вештачењето за „Пулс“: Русески не ги исполнува стручните и методолошките стандарди

Шилегов бара преиспитување на обвинението за „Пулс“, родителите реагираат: Не може да се споредуваат различни случаи

Горан Наумовски

Газда Деко ќе им е сведок на деветмината полицајци обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“