Здрузената опозиција и денеска ќе го продолжи протестниот караван, и притоа со автомобили членови на партиите ќе се движат по главните сообраќајници во општина Аеродром, во центарот на градот, до „Порта Влае“, назад до Соборниот храм и до Владата на Република Македонија.
Колоната автомобили ќе тргне од пред салата „Јане Сандански“ од каде ќе се приклучи на булеварот „Јане Сандански“ и ќе продолжи во насока на Народна банка на Македонија.
Караванот продолжува покрај „Црвен крст“ и врти во насока на Собранието на РМ.
Оттука се продолжува покрај училиштето „Јосип Броз – Тито“ право кон булеварот „Теодосије Гологанов“, од каде колоната ќе продолжи се до „Порта Влае“.
Од „Порта Влае“, караванот се приклучува на „Партизанска“ и продолжува до Соборниот храм, каде се врти во насока на Владата на Република Македонија.