Продолжува периодот на многу топло време, температури до 40 степени

Од:

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Според прогнозите на синоптичарите, нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло.

Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени.

Недела попладне ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Утре и во сабота ќе е многу топло

Денеска над 40 степени, Владата објави препораки за топлото време

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло

Денеска сончево и многу топло со температури до 40 степени

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето