Продолжува кампањата за изборите 2014

Од:

Политичките партии денеска ја продолжуваат кампањата за предвремените парламентарни избори и за вториот круг од претседателските избори закажани за 27 април.

Коалицијата  „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател Ѓорге Иванов денеска митинзи ќе одржат во Виница и Берово, а средби со граѓани во Пехчево.

Кандидатите за пратеници на ДУИ ќе имаат митинг во Ресен и средби со граѓани во Битола.

Демократската партија на Албанците ќе одржи митинг во Студеничани.

ГРОМ ќе одржи митинг во општина Бутел, а ќе има и средби со граѓани во општините Карпош, Чаир и Аеродром.

Претседателот на Алијанса за позитивна Македонија Љупчо Зиков ќе го посети СОС Детско село во Скопје.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија