Продолжува дезинфекцијата низ градските улици во Делчево

Од:
Територијалната противпожарна единица од Делчево продолжи со дезинфекција на градските улици. Активностите се реализираат согласно насоките на Регионалниот штаб за кризи за заштита од КОВИД-19, а во рамки на истите дезинфецирани се улиците во центарот на градот.
-Мерките за заштита ќе продолжат и во текот на наредните денови на оние места каде тоа е предвидено согласно насоките на Регионалниот штаб за кризи. Претходно извршена е дезинфекција на влезовите, скалите и заедничките простории кои ги користат станарите од колективните згради за домување во Делчево, информираа надлежните.
Паралелно поставени се уште два дополнителни пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Делчево.
-Едниот се наоѓа на влезот во Делчево над патот Пехчево – Делчево кај село Тработивиште, додека вториот на Граничниот премин Делчево. Претходно вакви пунктови се поставија на влезовите на градот од страната на Македонска Каменица и Берово, додадоа надлежните.
Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски по повод Велигден упати порака граѓаните да останат дома, со тоа што ќе ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 со цел превенција од заразата. Делчево заклучно со денешниот ден нема позитивни на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Од палење гуми во двор, пожар се прошири во шумата кај делчевско Бигла

А1он

„Културна кауза“ во Делчево – спој на музика, поезија и мултимедијални содржини

А1он

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер