Пробиштип во функција го става затворениот базен

Од:

Заврши реконструкцијата на единствениот затворен базен во источна Македонија. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски истакна дека од утре по долги години затворениот базен кој е во рамките на Општинското основно училиште „Никола Карев“ ќе биде отворен за најмладите.

– Затворениот базен кој е во близина на училишната сала на ООУ „Никола Карев“ го ставаме во функција, а кој треба да биде пред се за тренирање на децата по часовите по физичко. Меѓутоа во овој период од летото ќе го искористиме за пливачката школа која што секоја година Општина Пробиштип традиционално ја организира за најмладите категории, вели Тоневски.

Во рамките на пливачката школа која почнува од утре се опфатени деца од пет до десет години, кои ќе тренираат три месеци со помош на тренер по пливање.

– Планираме заедно со училиштето во текот на годината да ја продолжиме пливачката школа во текот на попладневните часови. Овој проект го реалиизравме заедно Општина Пробиштип и ООУ „Никола Карев“, рече Тоневски.

Тој забележа дека градот Пробиштип пред три до четири децении имал традиција за пливачка школа, а има и иницијатива да се формира ватерполо клуб. Реконструкцијата на затворениот базен чини 2.500.000 денари, со овие средства се променија сите прозорци, плочки во базенот и околу него, а се реконструира и соблекувалните и санитарните јазли

Би можело да ве интересира

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал

Изгореа 300 хектари борова шума во неколку пробиштипски села

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он