Пробиштип со нови инвестиции во живописното Лесново

Од:

Општина Пробиштип и оваа година ќе инвестира во развојот на туризмот во селото Лесново, каде што се наоѓа Лесновскиот манастир, еден од најубавите во земјава.

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски вели дека со 3,3 милиони денари ќе инвестираат во осветлување во најголемата пештера и ќе се изградат летниковци на неколку локации за туристите. Средствата од два милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој, а 1.300.000 денари се од општинскиот буџет.

– Со овие пари планираме да ја осветлиме најголемата пештера на почетокот на Лесново, на една многу интересна локација, понатаму ќе направиме и уште неколку летниковци, два поголеми, едниот во месноста викана Борје, каде што доаѓаат најголем дел од туристите посебно за викендите. Таму ќе има изградено и скара, како и чешма за овој дел од Лесново, ќе биде поставена и урбана опрема, канти за отпадоци, како и клупи кои ќе бидат изработени од дрво, рече Тоневски.

Тој забележа Општина Пробиштип во наредниот период ќе даде уште поголем акцент за развојот на туризмот во Лесново, каде што со новиот Детален урбанистички план, кој е во фаза на изработка, е предвидено изградба на викенд населба, но има и плацеви за хотели.

Тоневски рече и дека за оваа инвестиција, но и за останатите досега, голема поддршка имале од Владата и од премиерот Емил Димитриев, кој е од Пробиштип.

– Во Лесново досега имаме инвестирано, односно изграден е водоснабдителен систем, со што Лесново трајно го реши проблемот со водоснабдувањето, изработка на фекална канализација, изградени се паркинг простори, асфалтирани се улици, направено е едно повеќенаменско игралиште, реконструирана е старата месна заедница, дел од школото е претворено во сместувачки капацитет, дел од него е музеј. Веќе имаме инвестиции во угостителството, тоа се наши објекти кои се изнајмени на приватна компанија, вели Тоневски.

Тој смета дека во текот на наредниот период инвеститорите ќе вложат во изградба на сместувачки капацитети и во угостителски објекти, кои на туристите ќе им овозможат поквалитетен престој во живописното Лесново.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он