Пробиштип распиша оглас за Општо корисна работа

Од:

Општина Пробиштип и оваа година е дел од Програмата за Општо корисна работа, која се реализира во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување.

Марија Митева шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Пробиштип вели дека огласот за ангажирање на невработени лица веќе е објавен и ќе трае до 14 август. Лицата кои ќе бидат ангажирани во овој проект ќе имаат скратено работно време со 20 часа неделно, а нивниот ангажман е девет месеци.

Таа забележува дека статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

– Работните позиции што се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање еден негувател со основно образование или средно стручно образование (ССС) за помош на стари изнемоштени лица во Пробиштип, еден негувател со основно образование или ССС за помош на лица со оштетен вид, еден дипломиран дефектолог за Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, еден личен асистент во Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, двајца образовни асистента со ВСС група психологија, педагогија, дефектологија, Педагошки факултет-одделенска настава, предметни наставници, од кои еден во Подрачното училиште во Злетово при ООУ„Браќа Миладиновци“ Пробиштип и еден во ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип, вели Митева.

Заинтeресираните невработени лица пријави за учество во Програмата „Oпштинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Пробиштип во периодот од 01.08 2018 до 14.08.2018 година од 08:00 до 14:00 часот. Паричниот месечен надоместок што ќе го добиваат изнесува 9.000 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он