Пробиштип ќе поставува трета мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот

Од:

Општина Пробиштип годинава ќе ја постави и третата мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека новата мерна станица ќе се постави во близина на индустрските зони.

– Новата мерна станица ќе биде пософистицирани, покрај тоа што ќе ги мери ПИЕМ честичките ќе ги мери и останатите параметри кои што штетно влијаат врз здравјето на луѓето. Нашата замисла е да биде поставена во индустриската зона, каде што ќе го мериме загадувањето на воздухот од тешката индустрија, која што ја има во нашата општина и во тој дел каде што е новата индустриска зона „Неокази“, рече Тоневски.

Новата мерна станица е инвестиција на општина Пробиштип, а ќе чини 600.000 денари. Во општина Пробиштип минатата година се инсталирани две мерни станици, но кај едната од нив беше регистриран дефект и беше испратена на сервисирање во САД.

– Отсранети се проблемите кои што ги имавме со пренесувањето на податоците на мерните станици за контрола на воздухот во општина Пробиштип и веќе ги добиваме податоците. Резулатите покажуваат дека ниту еднаш во текот на оваа недела нема максимално дозволени концентрации над дозволеното, така да слободно можам да кажам дека општина Пробиштип има чист и квалитетен воздух за дишење, вели Тоневски.

Општина Пробиштип минатата година на барање на граѓаните инвестираше во инсталирањето на двете мерни станици, а средствата од околу еден милион денари се обезбедени од буџетот на општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он