Пробиштип ќе инвестира еден милион евра во водоснабдувањето

Од:

Општина Пробиштип годинава ќе инвестира во проширување на Филтер станица, но и ставање во функција на неколку препумпни станици за да се обезбеди квалитетно водоснабдување за неколку села и за новата индустриска зона Неокази.

Градоначалникот на општината Тони Тоневски вели дека за да се развива Пробиштип предвидено е проширување на еден блок на Филтер станицата, со што од досегашните 75 литри во секунда, капацитетот ќе се зголеми на 100 литри во секунда.

-Паралелно со ова ќе ги автоматизираме и пумпните станици за населените места Добрево, Злетово, како и да ја ставиме во функција старата пумпна станица во Ратавици. Тоа е еден проект, кој што треба да биде почеток на обезбедување на дополнителни количини на вода за Пробиштип, при евентуален дефект на основното водоснабдување од ХС „Злетовица“, вели Тоневски.

Тој истакна дека оваа инвестиција во водоснабдувањето има за крајна цел и обезбедување на техничка вода за индустриските зони, а која ќе биде од корист за сите потенцијални домашни и странски инвеститори.

Проектот за зголемување на капацитетот на пробиштипската филтер станица, но и останатите инвестиции во водоснабдувањето ќе чини околу еден милион евра, од кои 300.000 евра се предвидени од општинскиот буџет, а останатите 700.000 евра се донација од словенечкиот ЦМРС и Министерството за животна средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он