Пробиштип ќе ги осветли влезот и излезот на градот

Од:

Општина Пробиштип го реализираше тендерот за уличното осветлување во должина од 1.300 метри колку што е долга новата велосипедска и пешачка патеката. Деновиве ќе се склучи договор со фирмата која ја дала најповолната понуда. Според проектот на патеката ќе се постават 28 канделабрии, кои ќе имаат по две светилки, свртени кон регионалниот пат Пробиштип-Штип и кон патеката. Вкупната вредност на проектот за поставување на уличното осветлување е околу два милиони денари.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека заедно со Агенцијата за државни патишта го реализираат проектот за проширување на влезот и на излезот на градот. Агенцијата си ја заврши својата обврска односно го прошири регионалниот пат Пробиштип-Штип во должина од 1.300 метри од шест на седум метри.

– Ние како општина презедовме обврска да поставиме ивичњаци по целата должина од 1.300 метри и паралелно со ивичњаците да направиме една пешачка и велосипедска патека во должина исто така од 1.300 метри, со ширина од два метри, вели Тоневски.

Тој додава дека асфалтирањето на патеката е во завршна фаза, а вкупната инвестиција за овој дел од проектот е пет милиони денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он