Пробиштип ќе асфалтира над три километри улици

Од:

Општина Пробиштип интензивно работи на подготовките за асфалтирање на улиците во населбата Калниште и село Пробиштип, а во Злетово завршено е тампонирањето и земјените работи на помалите улички, по што во јуни треба да започне со нивно асфалтирање.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека во селото Пробиштип и населбата Калниште ќе се асфалтираат улици во должина од околу два километра, а во Злетово ќе се асфалтираат помали улички во должина од 1.100 метри.

– Инвестицијата за раелизација на проектот во Злетово ја чини општината околу пет милиони денари, вели Тоневски.

Тој додава дека по реализацијата на овие проекти, според Програмата на општината предвидена е и изградба на улици и во селата во Општина Пробиштип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он