Пробиштип гради плоштад со средства од ЕУ-фондовите

Од:

Во непосредна близина на средното општинско училиште „Наум Наумовски-Борче“ во Пробиштип почна да се гради помошен плоштад, за кој средствата во износ од 260.000 евра се обезбедени од фондовите на Европската унија.

– Од овие 260.000 евра, за уредување на просторот на секундарниот плоштад ќе бидат искористени околу 200.000 евра. Овој простор опфаќа околу 2.300 квадратни метри површина, во која еден дел ќе биде искористена за за околу 25 паркинг места. Останатиот дел од околу 1.400 метри квадратни ќе биде искористен за помошен плоштад, односно ќе има еден миниамфитеатар, рече градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски денеска на прес-конференција.

Во рамките на проектот, рече Тоневски, предвидено е да се изградат пешачки патеки, фонтана, ќе се постави урбана опрема и ќе биде холтикултурно уреден. Ќе биде поставено и ново улично осветлување, а просторот кој со години беше неуреден ќе добие уреден и современ лик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он