Пробиштип го решава проблемот со водоснабдувањето

Од:

Пробиштип почнува со подготовките за реализирање на најголемата донација која се однесува на водоснадувањето.

Според градоначалникот Драган Анастасов, обезбедени се 1.200.000 евра од кои 600.000 донација од Центарот за меѓународна соработка во Словенија и 600.000 од Владата на РМ, за проширување на капацитетот на филтер станицата, реконструкцијата на старата пумпна станица во село Ратавица и изградба на нов цевковод до Пробиштип.

Со раелизацијата на проектот, смета Анастасов, бенефит ќе имаат и стопанските објекти.

– Стопанските објекти нема веќе да стравуваат за тоа дали Пробиштип ќе има доволно количини вода, пред се, фабриката за акумулатори која е голем потрошувач на вода и ова е одлична можност во делот на економскиот раст или бенефит за правните лица, изјави Анастасов.

Според акцискиот план, Центарот за меѓународна соработка во Словенија треба да ја почне тендерската постапка овој месец, а со периодот за жалби да заврши кон крајот на јуни, со што, како што рече Анастасов, градежните активности би почнале во јули, а би завршиле до крјаот на јануари 2019 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он