Признанија за волонтери од програмата на ЕВН Македонија „ЕВН Волонтира“

Од:

По повод Меѓународниот ден на волонтери, ЕВН Македонија додели признанија за успешно спроведена волонтерска активност на сите волонтерски тимови и волонтери индивидуално учесници во програмата „ЕВН Волонтира“.

– Вистинската награда и признанија што сте ги добиле, се благодарноста и насмевката на граѓаните кои имаат корист од доброто дело што сте го направиле за вашата заедница. Ние, како компанија, сме многу горди што ЕВН Македонија има вработени кои се одговорни и грижливи кон општеството, изјави Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија:

Тој им посочи на волонтерите да ги мотивираат останатите вработени за спроведување на нови волонтерски идеи.

Акцијата „ЕВН Волонтира” почна во јули годинава. До сега се реализирани активности во Скопје, Охрид, Брвеница, Куманово, Гевгелија, Велес, Виница, Кочани, Пробиштип, Кратово, Зрновци, Свети Николе, Делчево и Титов Врв. Во неа, преку 16 проекти досега учествуваа над 200 вработени. Сите досегашни активности ќе служат како инспиративни примери за волонтирање во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Општина Битола додели награди за волонтерство

Наум Локоски

Ден на волонтерството

Наум Локоски

Саем за волонтерство и активно граѓанство

Ана Ололовска

Црвениот крст го одбележува Светскиот ден на волонтерството

Ана Ололовска

Трет саем за волонтерство и активно граѓанство

Наум Локоски

НВО саем за волонтерство и активно граѓанство

Ана Ололовска