Приведени четири лица поради нападот врз навивачите на Левски во Чаир, поднесена кривична пријава

Од:

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје лишија од слобода четири лица поради насилство извршено врз навивачи на бугарскиот фудбалски клуб Левски на улицата Цветан Димов во скопската населба Чаир, кои самоволно се издвоиле од рутата обезбедена од полицијата и се движеле кон стадионот „Тоше Проески“ во Скопје со цел да присуствуваат на фудбалскиот натпревар ФК „Шкупи“- ФК „Левски“.

На 27.07.2023 околу 18.30 часот на ул. Цветан Димов, додека навивачите на ФК Левски се движеле со возила „хонда“ и „фолксваген пасат“ со развиорени навивачки знамиња и други навивачки реквизити, дошло до вербална расправија, по што тие излегле од возилата и настанала физичка пресметка, а еден од навивачите на ФК Левски откако се вратил во автомобилот, во движење бил повреден со остар предмет.

Веднаш по настанот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во координација со обвинителството, беа преземени мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителите на кривичното дело насилство. Извршени се службени разговори со повеќе лица, а по документирање на доказите, на 28.07.2023 лишени се од слобода А.Џ. (30), Н.С.(28), Б.Б.(32) и К.И.(28), кои се задржани во полициска станица. По извршена координација со ОЈО Скопје, денеска (29.07.2023) против овие лица е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „насилство“ по член 386 ст,4 од Кривичниот законик и тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на софиските улици: Навивачи предизвикаа „војна“ со полицијата, неколкумина се повредени

Спасовски: Бугарските навивачи провоцирале во Чаир

Анита Петровска Рајковиќ