Приведен жител на Мерово, мештаните го пријавиле за намерно предизвикување пожар

Од:

Жител на тетовското село Мерово е приведен откако мештаните го пријавиле за предизвикување пожар. Тој бил приведен вчера околу 21.30 часот, а пожарот избувнал околу 20 часот.

– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина. Тој е задржан во Полициската станица Тетово. Денеска (10 април) ќе се изврши увид и ќе се расчистува и документира случајот, информираа од СВР Тетово.

Според информациите од Тетовската Територијална противпожарна единица пожарот (ТППЕ) бил изгнасат за два часа.

Би можело да ве интересира

Пожар на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава