Приведен дилер на дрога во село Заграчани

Од:

Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со полициски службеници од СВР Охрид завчера го лишиле од слобода З.А.(49) од село Заграчани.

Приведувањето, соопштија денеска од МВР, е извршено по претходно распишана потерница и наредба издадена од Основниот кривичен суд Скопје, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл.215 од КЗ. Притоа на З.А. од страна на Основен суд Струга изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

– По спроведена истрага во врска со реализиран случај на недозволена трговија со марихуана во кој беше запленета наркотична дрога од пет килограми марихуана, на 11.05.2020, поднесена е кривична пријава против Ф.Д.(55) од Албанија и З.А.(48) од Струга, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението.

Во текот на ноември 2019 година, Ф.Д. извршил неовластена набавка и транспорт на марихуана од територијата на Република Албанија на територија на Република Северна Македонија, која што З.А. ја чувал во семејната куќа во с.Заграчани со цел понатамошна продажба.

Притоа Ф.Д. и З.А. врз основа на претходен договор на 02.12.2019 остваруваат средба на територија на Струга, поточно во семејната куќа на З.А. во с.Заграчани каде било извршено предавањето на марихуаната и истата ја презел Р.А. кој ја сместил во патничко моторно возило „опел корса“, по што се упатил во правец на Кичево. Од полициски службеници било сопрено возилото управувано од Р.А. и по извршен преглед на возилото во предниот дел на подот пред совозачкото седиште пронајдени биле пет најлонски паковки со марихуана.

По извршеното вештачење, се подвлекува во соопштението од МВР, утврдено било дека се работи за вкупно нето маса од 5019,6 грама марихуана.

На 11.05.2020 година врз основа на претходно издадена наредба од Основен Кривичен Суд Скопје 1 Скопје, извршен бил претрес на дом и други простории на З.А. каде било пронајдено и со потврда за привремено одземени предмети одземени биле мобилен телефонски апарат, 16 патрони за ловечка пушка, два патрони за ловачка пушка, како и предмети со остатоци од непозната црна материја.

Би можело да ве интересира

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Притвори за дилери на дрога во Тетово и во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

30 дена притвор за дилер од Гевгелија

Горан Наумовски

Во Битола приведени дилери на дрога од Прилеп

ВИДЕО: Претреси низ цела држава, запленети дрога и муниција, приведени над 20 улични дилери

А1он

Во Кочани приведен дилер од Словенија