Приведен бегалец од затвор кај граничниот премин „Богородица“

Од:

Бегалец од затвор бил приведен близу граничниот премин „Богородица“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 21:30 часот на автопат А1 во близина на граничниот премин „Богородица“, полициски службеници од СВР-Струмица – ОВР-Гевгелија го лишиле од слобода З.В., на возраст од 43 години од Штип. Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“. Бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа „Затвор – Штип“, појаснуваат оттаму.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор – Штип“ за доиздржување на две години и пет месеци од казната.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он