Притвор за едно лице поради извршени тешки кражби во Гевгелиско

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил неколку тешки кражби во повеќе деловни и приватни објекти во Гевгелија, Богданци и Валандово.

Поради сомнеж од бегство, судот го прифати прелодгот на ЈО и на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.

– Во временскиот период од 3.1.2020 година до 24.5.2020 година, осомичениот во 12 наврати со умисла преку временски поврзани дејствија повеќекратно извршил кражби. Тој со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористувајќи слични можности, со провалување влегол во деловни и приватни објекти на 12 оштетени физички и правни лица од Гевгелија, Богданци и Валандово и одзел предмети со намера истите противправно да ги присвои, стои во соопштението од ОЈО.

Делата ги вршел со насилно отворање врати или прозорци на приватни и деловни објекти, од кои потоа одзел парични средства и предмети.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, односно дека осомничениот нема да биде достапен на органите на прогонот, а имајќи ја предвид тежината на стореното криивчно дело и запретената казна, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Лицето се терети дека сторил кривичното дело тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он