Притвор за 64 годишник од Македонски Брод за допирање и бакнување малолетничка

Од:

ОВР Македонски Брод при СВР Битола денеска до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Б.С.(64) од Македонски Брод поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело казниво по чл.188 ст.5 од КЗ „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

МВР информира дека Б.С. се сомничи дека вчера во Македонски Брод бакнувал и допирал по телото малолетно девојче од Македонски Брод.

На вчерашниот настан му претходел ист таков настан на 07. минатиот месец од Б.С. кон истото девојче, за што од страна на очевидци било пријавено во Центарот за социјални работи во Македонски Брод, но од нивна страна не биле преземени никакви мерки, за што ќе следат дополнителни активности за целосно расчистување на настанот.

Од страна на судија на претходна постапка на Б.С. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Затвор – Битола.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ