Прирачник за танцување за децата со Даунов синдром

Од:

На Факултетот за музичка уметност-Скопје денеска ќе биде промовиран прирачник кој беше подготвен како дел од проектот „И јас сакам да бидам балерина“, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ.

Организатори се Центарот за Даунов синдром во соработка со ФМУ, Катедра за балетска педагогија – современ танц и професорката Искра Шукарова.

Тимот кој работел на овој проект верува дека децата со Даунов синдром имаат потенцијал и желба за танцување и јавни настапи. Сметаат дека правилниот пристап и методологија може од нив да направи дисциплинирани, посветени и креативни танчери.

Организаторите преку оваа публикација сакаат да почнат дебата и практика на инклузија во сите училишта по танц низ Македонија.

Посетителите ќе добијат бесплатен примерок од прирачникот и најновиот број на списанието „Down Syndrome 21+“ и ќе може да ја набават сликовница „Девојчето на ридот“.

Би можело да ве интересира

Пендаровски ја одведе Ембла во училиште: Во ова општество сите сме еднакви

Катерина Ѓуровски

Прв концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Над брановите од животот“ со Марио и Стефан кои испраќаат важна порака на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Трисомија 21-Скопје“: Лицата со Даунов синдром да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството

Ана Ололовска

„Игри без граници“ за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

МТСП: Отворен е првиот Дневен центар за Даунов синдром

Ана Ололовска