Примопредавање на функцијата министер за образование и наука

Од:

Абдилаќим Адеми денеска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Спиро Ристовски, кој ќе биде негов заменик во ресорот.  Ристовски му посака успешна работа на Адеми и истакна дека во наредниот период ќе соработуваат во реализирањето на тековните и на новите проекти на МОН.

– Посакувам одлична работа, успешна реализација на голем број од проектите и многу успех во секојдневното функционирање на МОН. Во изминатиот период со сиот мој капацитет се заложив максимално да ги реализирам проектите кои беа предвидени во програмата за работа на Владата и верувам дека кај голем дел од грѓаните постои задоволство од сето она што го реализирав, истакна Ристовски, кој успех им посака и на учениците и на сите вработени во образовниот процес.

Новиот министер Адеми, кој досега беше на чело на Министерството за животна средина  и просторно планирање, истакна дека образованието е комплексна област. Додаде дека останувањето на Спиро Ристовски во МОН е голема предност за него, бидејќи ќе има континуитет во работатата во Министерството.

– Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образование и наука. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори, финасиски средства и соработка. Се надевам дека  ќе продолжиме и понатаму како со досегашната динамика, рече Адеми.

Според него, одлуките на МОН ќе бидат добро консултирани со јавноста и со сите засегнати страни, со другите институции кои имаат заеднички надлежнисти, а особено со општините, синдикатите и вработените во образованието.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска