А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Прилеп подготвен за „Пивофест“

by А1он10/07/2015 - 15:23212
Share0

Прилеп е подготвен за одржувањето на 13-от фестивал „Пиво фест 2015“ што ќе се одржи од 16 до 19 јули, соопштија денеска на прес-конференција организаторите – локалната самоуправа и невладината „Центар за граѓански иницијативи“.

Добивај вести на вибер

– И годинава се очекуваат голем број гости од земјава и од Балканот. Се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери. Економскиот бенефит на градот и регионот е голем, ќе има максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените четири дена ќе бидат гости во Прилеп. На гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, рече Ристески.

На овој Пивофест, рече, ќе се дегустираат десетици видови пиво, ќе има рекорди во изедена скара и одлична забава.

– Пивофестот не е само обичен фестивал, туку голема туристичка атрација на градот и на Република Македонија. На Пивофест има три во едно, а тоа се преку 40 видови пиво, квалитетната скара и добра забава во текот на сите четирите фестивалски денови, објасни Ристески.

Од здружението на граѓани ЦГИ – Прилеп посочија дека на 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-тина штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

Како и минатата година така и оваа, сите кои сакаат да присуствуваат на „Пивофест 2015“ во Прилеп ќе можат да дојдат бесплатно со возовите на Македонски Железници.

pivofest

Би можело да ве интересира

ФОТО: Раководството на СДСМ на Пивофест

Емир Латифовиќ19/07/2013 - 22:5620/07/2013 - 12:04

Октоберфест во Скопје

Ана Ололовска27/09/2012 - 11:55

ВМРО-НП: Колку пари се дадоа за југословенските ѕвезди на „Пивофест“?

Емир Латифовиќ18/07/2012 - 17:0418/07/2012 - 17:06

Локвенец: На што ќе се потрошат милионите од Пивофест?

Ана Ололовска17/07/2012 - 15:15

ВИДЕО: Брена и Грашо на полноќен прес

Ана Ололовска16/07/2012 - 13:16

ВИДЕО Ристески: Џеј е специфичен пеач кој има љубители

Емир Латифовиќ15/07/2012 - 15:2915/07/2012 - 16:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен