Пријави и најавени откази за директорите на училиштата во Чаир

Од:

Државниот просветен инспекторат поднесе прекршочни пријави и предлози за разрешување на директорите , кои не ја почитуваа одлуката и не ги симнаа таблите со новите имиња во четири училишта во Чаир.

Училиштата „Рајко Жинзифов“, „Цветан Димов“, „Јане Сандански“ и „Никола Вапцаров“на 31 август годинава беа ореименувани, без одобрение на Министерството за образование во„Исмаил Ќемали“, „Хасан Приштина“ „Јашар-бег“ и „Имри Елези“.

Инспекторатот соопшти дека денеска извршил контролен надзор, откако истече законскиот рок училиштата да постапат по решенијата што им ги прати и да ги поправат неправилностите.

Минатата недела во две училишта беа отстранети бистите на Јане Сандански и на Рајко Жинзифов.

Ванчо Шехтански, директор на државниот инспекторат за локална самоуправа минатата недела се закани дека таблите од училиштата може да се симнат веднаш со помош на полицијата. Денеска инспекторите само ја констатираа состојбата, најавија пријави и откази , но таблите си останаа.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on