Презентација на водечки руски високообразовни институции

Од:

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” денеска и утре ќе се одржува саем-презентација на водечките руски високообразовни институции, со учество на нивни претставници од повеќе наставно-научни области и специјалности.

Посетителите ќе може да се информираат за програмите на сите степени на образование во Русија, како и за стипендиите за странски студенти кои ги доделува Руската Федерација.

Настанот „Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“ е слободен за посетителите и во двата дена е отворен од 9 часот. Свеченото отворање е денеска во 10 часот.

За учество во манифестацијата неопходна е претходна регистрација на  линкот: https://clck.ru/EFW2p. За присутните ученици и студенти во склоп на настанот ќе биде организирана наградна игра.

Презентацијата ја организираат Russia.Study (Агенција за соработка во образованието) и Претставништвото на Россотрудничество во Скопје, со поддршка на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование