Превентивно повлечени одредени серии Аптамил формули за доенчиња

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство ја информираше јавноста дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил.

„Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид. Апелираме потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, истите да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени“ велат од АХВ.

Би можело да ве интересира

Ќе се градат гробишта за миленици, се утврдуваат локации во општините

Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Директорот на АХВ, Миланов најавува изградба на кафилерија и гробишта за миленици

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Запленети стотици килограми апетисани со сомнително потекло и без декларација

Катерина Ѓуровски