Претставници на ФСП на средба со Амбасадорот на Кралството Холандија во РМ

Од:

„Претставници на Републичкото координативно тело Форумот на слободоумни партиоти во текот на вчерашниот ден остварија средба со Н.Е. В. Ваутер Плом, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија.

На средбата беше дискутирано за актуелната политичка и Уставна криза во Република Македонија, како и можните решенија за излез од истата. Исто така беше дискутирано и за слободата на медиумите, за уништените институции, како и за извештајот на ЕУ експертската група предводена од Прибе и Венецијанската комисија. Притоа уште еднаш беше потврден нашиот став дека местото на Република Македонија е во Европската Унија и НАТО и дека државата час поскоро мора да се врати на евро-атланскиот пат.

Претставниците на Форумот уште еднаш ја искажаа својата поддршка за Пржинскиот договор. Притоа претставниците на Форумот истакнаа дека ако сакаме непречено да се спроведе истиот и повторно да се воспостават демократските процеси и да се нормализира функционирањето на институциите во Република Македонија неопходно е да се формира експертска Влада со конкретна агенда за работа. Во однос на поддршката за СЈО претставниците на Форумот истакнаа дека е неопходно е формирање на специјален оддел во Кривичниот суд кој ќе работи по нивните предметите“, се вели во соопштанието на ФСП.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска