Претседателот на ДУИ го честита 24 мај – Денот на Св. Кирил и Методиј

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објавата на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Меѓу другото, Ахмети истакна:

„Секој народ ги постави темелите на својот мајчин пишан јазик со неуморната работа на многу мисионери кои го запечатија неговото вечно постоење. Универзалниот јазик на народите е знаењето, единствениот пат кон напредокот, затоа на сите мои сограѓани од македонската заедница им го честитам 24 мај – денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.Секој ден да размислуваме за пожртвуваноста на сите образовни мисионери и да работиме заедно за правилно образование на генерациите во духот на меѓусебното почитување на сите идентитетски вредности“.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Ахмети не знае која приказна да ја брани за Груби, нервозата во ДУИ расте

Горан Наумовски

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

Пропаднаа разговорите помеѓу Тачи и Ахмети

Ахмети: Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски