Претседателот на Албанија во работна посета на Македонија

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој ќе престојува во работна посета на земјава.

Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила Билјана“ во Охрид, каде е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова.

Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе присуствуваат на отворањето на фестивалот Охридско лето“.

Сиљановска-Давкова ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 65. издание на Меѓународниот фестивал Охридско лето“, којшто традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.

За време на посетата, претседателот Бегај ќе биде придружуван од неговата сопруга Арманда Бегај.

Би можело да ве интересира

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Скопје се сретна со претставници на партиите на Албанците

Горан Наумовски

Бегај: Молитвите на албанскиот народ се со семејствата за загинатите и повредените во С. Македонија

А1он

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Бајрам Бегај: Соседите треба да се почитуваат меѓусебе и да ги почитуваат симболите на народите

Пендаровски: Македонските деца во Пустец да го зборуваат македонскиот јазик за да бидат во контакт со татковината

Катерина Ѓуровски

Пендаровски во посета на Пустец