Претреси во Скопје, приведени 16 лица

Од:

16 лица се приведени вчера во Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело.

По претходно добиени оперативни сознанија, информираа денеска од МВР, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршиле претреси на дом и други простории на 19 локации при што се приведени 16 лица.

– При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога… По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода