Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

Од:

После добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот, извести Обвинителството.

„Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода.

На лице место, покрај претставниците од МВР и обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Институциите продолжуваат со активности за утврдување на сите правно релевантни факти и евентуална одговорност во случајот, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Извршени претреси во Одделот за општи и заеднички работи во МВР, одземени се мобилни телефони и обемна документација

Се истражуваат злоупотреби помеѓу фирми и вработени во МВР, претреси на 16 локации

Десет претреси кај 10 лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола

Горан Наумовски

Претреси на повеќе локации, се апси банда која крадела шверцувала автомобили

Голема полициска акција во Тетово и во Охрид, има приведени

Катерина Ѓуровски

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ