Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Од:

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во текот на оваа седмица во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во петок и во деновите од викендот.

Би можело да ве интересира

Повремен дожд и разведрување попладне

Од ноќеска дожд, на планините снег

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини

Променливо облачно време со дожд и снег на планините

А1он

До сабота раст на температурите, од недела повторно врнежи

Снег во Скопје, забрани за за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – Ќафасан