Претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината, ретки грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

И во наредните денови ќе продолжи периодот во кој во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен