Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде релативно топло.

Претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во четврток се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево и топло до 38 степени

Денеска сончево со мала облачност

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер