Претпладне сончево, од пладне облачноста ќе се зголемува

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде сончево, а од пладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а од пладне со зголемена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Утрово најниски температури беа измерени во Берово – 10 и во Скопје – 8 степени. Во Петровец, Демир Капија -7, додека во Тетово, Битола и Струмица – 6. Во Дебар, Штип и Маврово, утрово се измерени – 5 степени, а во Куманово, Крива Паланка и Прилеп, – 4. Скопје Зајчев Рид, Претор -3 и Охрид, а 2 степени во Гевгелија и Крушево.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека висината на снежната покривка во 07 часот била 10 сантиметри во Маврови Анови два на Попова Шапка.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен