Претекува езерото „Младост“ кај Велес

Од:

Деновиве преку браната претекува водата во велешкото езеро „Младост“, кое се полни со вода од Отовичка и Рудничка и од уште неколку помали реки.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи за МИА, денеска нивото на водата во езерото изнесува 246 сантиметри и 83 милиметри, а 247 сантиметри е граничната точка од која се прелева  водата од езерото преку браната.

– Ваквата состојба е веќе два-три дена колку што и се прелева водата во езеро „Младост“. И покрај прелевањето, нема опасност по браната  бидејќи пред две години е поправен и одлично функционира системот за испуштање вода од браната, информираше Златко Костов од Центарот за управување со кризи.

Инаку лани на 26 февруари првпат по 30 години се прелеа вода преку браната на езерото „Младост“.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско