Пренџов бара комисиска расправа за АНБ, Реџепи не свикува седница бидејќи бил дискриминиран

Од:

Членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов денеска јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од европскиот фронт да закаже итна седница во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

-Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, истакна Пренџов.

Овие случувања, според пратеникот, предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.

-Токму затоа, обврска на комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел, да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.

Претседателот на Комисијата Скендер Реџепи веднаш одговори на повикот дека додека е претседател и дискриминиран нема да повика таков состанок. Според него тој е дискриминиран дека нема да може да присуствува на класифицираните информации бидејќи нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал во ноември или декември минатата година.

Се додека сум јас претседател и дискриминиран од власта, од службите, нема да повикам таков состанок. Бидејќи и моето присуство, кога би повикал состанок, јас не би можела да присуствувам во класифицирани информации таму кај што се оди. Која би била логиката, претседателот на Комисијата да не може да присуствува во една таква Комисија или таков претрес во службите. Јас пред една година сум поднел барање за сертификат безбедносен и нормално, кога таква една можност, пратеник во Собранието останува да биде вреднуван од партиски службеници, на кои што скандалите секоја година им се појавуваат што значи дека ти се во интерес на сите политички партии, најмалку на државните. Сметам дека тоа е дискриминација не само за мене, но и за сите пратеници во Собранијето, истакна Реџепи.

Тој уште еднаш потенцираше дека нема да ја свика комисијата и им порача дека претседателот на Собранието има можност да свика Комисија да си одлучи оние кои имаат сертификати да одат и да ја завршат работата.

-Ако тие инсистираат, јас да го направам тоа, тогаш тие сакаат да не се заврши посетата, нагласи Реџепи.

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ Оливер Спасовски денеска повика на итна декласификација на целата документација за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ.

– Едноставно мислам дека јавноста мора да ја дознае целостно вистина. Мора да има една транспарентност за целата оваа постапка. Да бидат декласифицирани сите податоци и информации, врз основна на постапките кои што ги има АНБ. Секако во соработка и со Обенителство и други и точно да се утврди дали биле отворени оперативни акции, за што биле тие оперативни акцији, кон кого биле насочени и така натаму. Мора да има еднаш за секогаш сериозна одговорност на тој кој што тоа го правел доколку го правел, порача Спасовски.

Според информациите дека и тој бил незаконски прислушуван од АНБ, Спасовски повика службата да се стави во интересна заштита на уставниот поредок на државата и на граѓаните, а не, како што рече, во служба на политички подметнувања или на бизнис заедница и да се престане да се загрозуваат човековите права.

Спасовски смета дека Комисијата за надзор на АНБ и АР треба да изврши увид во работата на Агенцијата за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

Обвинителството најави дека детално ќе ги испита наводите за незаконско следење на комуникациите

Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време

Катерина Ѓуровски

Пренџов: Да се испита улогата на вишата јавна обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази

Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

Пренџов: Денес е голем ден за Македонија затоа што после 2008 година прв пат имаме целосна промена на власта и кланот Заеви и ДУИ-инг бизнис заминуваат во историјата

Предраг Петровиќ

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски