Премиерот Заев во официјална посета на Словенија

Од:

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.

Премиерот Заев денеска ќе оствари тет-а-тет средба со словенечкиот премиер Миро Церар, додека министрите во македонската Влада кои се дел од делегацијата ќе имаат билатерални средби со нивните колеги од словенечката Влада, по што ќе следува и заедничка, пленарна средба на министрите на двете влади.

Во рамки на првиот ден од посетата, македонскиот премиер ќе има средба со припадниците на МВР на Словенија кои учествуваа во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедувањето на јужната граница за време на мигрантската криза.

Премиерот Заев утре ќе ја продолжи посетата со работен појадок со делегација на словенечки стопанственици.

Претседателот на македонскиот Влада, Зоран Заев ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез, како и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Во состав на македонската делегација се вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски