Прекини во снабдувањето со струја во повеќе реони во Македонија

Од:

ЕВН Македонија информира дека во повеќе региони во земјава има прекини во снабдувањето со електрична енергија поради дефекти на 110 киловолтни и 35, 20 и 10 киловолтни далекуводи.

Како што соопштуваат, има прекини во општините Струга, Дебар, Центар Жупа Маврово- Ростуша на 110 кв врска, во општина Дебарца, 110кв, во Кумановско – Вишница, Никуштак на 20 кв врска, во Скопско – Тисовица, Гумалево, Добрино, Страхојадица на 10 киловолтна и во Кондово, Сарај, Матка на 35 кв врска, во Кичевско во Староец, Карабуница, Вранештица, Цер и Прострање 10кв, во Ресенско во населените места околу Преспанско Езеро, Отешево, Стење, Љубојно, Брајчино, Јанкоец, Крушје, Златари на 10 кв врска, во Прилепско – Тополчани, Канатларци, Ивањевци на 35 кв, Велешко – Дреново, Лисиче, Горно Врановци на 10 кв  и во Битолско нема во Молика, детско  Трново, Магарево на 10кв врска.

Наведуваат дека поради големото невреме проследено со обилни врнежи од снег и ветер, дистрибутивната мрeжа на ЕВН Македонија во регионот на Дебар, Струга и Охрид  пртетрпе големи штети. Најчестите дефекти се на 35 и 10 киловолтни далекуводи, кај кои заради големите наноси на снег, столбовите се паднати или искривени. Истакнуваат дека и покрај тешко пристапните терени, екипите вложуваат големи напори и постојано работат на отстранување на дефектите.

ЕВН наведува дека се уште има прекин на 110 кВ врска на АД МЕПСО од Вруток кон Шпиље, тоа е втората врска за Охрид и Струга.

Екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите на улиците во Охрид каде што има искинати кабли и урнати столбови. Голем проблем за екипите на ЕВН, како што стои во соопштението, е непроодноста на патот од Струга до Дебар, па затоа дополнителни екипи не се во можост да стигнат на отстранување на дефектите во дистрибутивната мрежа.

Од ЕВН наведуваат дека екипите се на терен и очекуват прекините да бидат санирани во најбрз можен рок. Истакнуваат дека голема пречка претставуваат непроодните патишта и апелираат до надлежните да е направат напори за оспособување на патиштата за да се намали времето на отстранување на дефектите.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи